Име на болест: Еднаквокрилци, термити, бели мравки - Isoptera
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Термитите се ситни до средни исекти со изразен полиморфизам во своите заедници. Постојат околу 4000 видови. Тие се социјални, полиморфни инсекти кои живеат во големи заедници со мажјак и женка (крал и кралица) и стерилни работници и војници. Тие живеат во почва и дрво, Се хранат фитофагно, почесто ксилофагно. Нападот се открива дури по целосно разорување. Во ректалната кеса од задното црево на термитите живеат микроорганизми кои ја разложуваат целулозата. Кај виновата лоза најчесто се јавуваат кај стари и физиолошки ослабнати стебла.



повеќе слики >>

Препарати