Име на болест: Глоговец - Aporia crategi
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Има една генерација годишно. Презимува во стадиум млада гасеница во зимско гасенично гнездо. Гасениците се активираат напролет, во време на бабрење на пупките на јаболко. Во почетокот живеат грегарно. Се хранат со листовите и пупките. Вршат дефолијација. За успешна контрола на штетникот потребен е континуиран мониторинг, а напролет рано откривање и резидба на гасеничните гнезда. Економскиот праг е 2 - 5 легла со јајца/стебло. Мерки за контрола се редовна резидба, спалување на гранчињата со легла со јајца, во текот на вегетацијата се препорачуват препарати на база на: спинозини, ИГР препарати, оксадиазини, пиретроиди, карбамати и огранофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати