Име на болест: Бело гниење на дрвото кај овошните видови - Stereum hirsutum
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Гниењето на дрвото почнува од средината и се шири кон периферија во вид на исечоци. Дрвото станува меко како сунѓер, од почетокот бледорозово до кафеаво, прошарано со жолти дамки.
Покрај оваа габа, како причинители на белото гниење на дрвото се јавуваат и други габи. Сите тие ги напагаат физиолошки заслабнатите овошки од доцни есенски или пролетни мразеви, од плитка почвена вода, оштетување од мраз и сл.
За нивно спречување се препорачува создавање услови за нормален развој на овошките и тоа: при кроењето да се оставаат чепови; заштита на овошките од измрзнувања. За уништување на причинителите на гниењето на дрвото се препорачува внесување на билошки средства врз база на габата Trichoderma viride.



повеќе слики >>

Препарати