Име на болест: Сачменка кај коскестите овошни видови - Wilsonomyces carpophilus (Lev.) Adas., Ogawa & Butl.
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Симптомите од оваа болест се забележуваат на листовите кога во почетокот имаат тркалезни жолтеникави дамки кои брзо некрозираат, испаѓаат. Кај кајсијата се забележуваат црни топчести купчиња што преставуваат групи од конидиофори со конидии. На плодовите од кајсија и праска се забележуваат тркалезни хипертрофии што стануваат испапчени, во кои епидермисот изумира, пука и се одделува , поради што плодовите изгледаат како крастави.
Разнесувањето на заразата е со помош на дождот, ветерот и од страна на инсектите. Заразата може да настане по секој дожд. Паразитот се развива на оптимална температура од 28 - 290 С
Заштитата треба да започне уште при зимското кроење , да се отстранат заразените едногодишни ластари и ветки. Непосредно по опаѓањето на лисотвите да се изврши прскање со 2% Бордовска чорба .



повеќе слики >>

Препарати