Име на болест: Космест корен кај овошните видови - Rhizobium rhizogenes Young J.M. et al. (2001)
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Симптомите се манифестираат, главно, на коренот. По коренот се појавуваат ситни тркалезни гали кои подоцна развиваат многубројни тенки издолжени корени, кои подсетуваат на коса. Овошките од ваквите садници се развиваат слабо , заостануваат во растот и со времето изумираат. Основна мерка е производство на здрав саден материјал. Најдобар претходник за овошните насади е луцерката. На заразените површини да не се произведува саден материјал, ниту да се подигнуваат овошни насади најмалку три години. Доколку се појави заразените садници да се спалат, а останатите да се деинфицираат со потопување на коренот во раствор од антибиотици или 1% суспензија од некој препарат врз база на бакарен оксихлорид.



повеќе слики >>

Препарати