Име на болест: Шарка на сливата - Plum pox potyvirus - Prunus armeniaca
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Симптомите се видливи на лисјата и на плодовите. На лисјата се јавува општо мозаично шаренило од светлозелени, жолтеникави и зелени површини. Кај осетливите сорти италијанска слива, Cambridge Gage и некои хибриди, кората на ветките и на стеблото изумира и пука, и таквите овошки подоцна изумираат.
Вирусот на шарката на сливата има кончести вириони што лесно се виткааат. Вирусот се инактивира при температура од 52с до 58с, ја губи инфективноста ин витро за 3 - 4 дена при собна температура, како и при разредување на растителниот сок 1: 800. Вирусот се одржува во повекегодишни природни домакини, помегу кои заразените овошки од: слива, кајсија, праска, џанка и други.
Основна мерка е производство на безвирусен саден материјал, за што треба да се користат калемгранки и семе за подлоги од здрави и прверени матични овошки. Во младите овошки, вирусот може да се отстрани локално, така што овошките се изложуваат под дејство на температура од 37 до 18с за време од 2 месеца. При појава на болни овошки во насадите, тие треба да се отстранат и уништат



повеќе слики >>

Препарати