Опис: Кај кајсијата го намалува порастот, приносот и причинува изумирање на пупките. Овошните симтоми на хлорозни некрозни престенести дамки, како и со енации долж нерватиурата по листот. Симптомите се појавуваат по неколку години од инфекцијата . општ симптом е појава на некрозни прстенести дамки по лисјата. Цветовите кај болните овошки се ситни, деформирани и не формираат плодови. Во природни услови вирусот се одржува во заразените овошки . се пренесува преку поленот и на тој начин преку семето исто така може да се пренесе и со контакт помеѓу корените од болните и од здравите овошки. За заштита потребно е употреба на здрав саден материјал. Вирусот може да биде инактивиран во калемгранките со термотерапија на тој начин што тие треба да се изложат на температура од 370С за време од 2 - 3 недели или добивање на садници преку култура на меристем. |