Име на болест: Вертицилиозно венење на растенијата - Verticillium albo-atrum Reinke Berrhold
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Оваа габа се наѓаат во почвата речиси во сите земји со умерена и суптропска клима. Внењето може да биде присутно на одделени ветки или на цели овошки. Во првиот случај настанува постепено венење во текот на неколку години и во тој случај листовите се жолтеникави, со посветла боја , малку свиткани со рабовите кон лицето . во вториот слулчај настанува брзо венење , листовите се зелени , а овошките венат целосно и брзо. На напречен или надолжен пресек се забележува кафенос на спроводните садови, во вид на еден кафеав прстен , односно две темнокафеави линии.
Заразата започнува преку инфекција на кореновиот систем, паразитот навлегува преку раните и достига до спроводните садови каде неговиот развој е ограничен. Кај оваа култура се задржува во кореновиот врат. Во природни услови габата се разнесува со водата за наводнување , растителните остатоци, почвата, нематодите, заразен саден материјал и слично.
За заштита од оваа болест се препорачува во насадите да не се одгледуваат осетливи растенија(домат, пиперка, компир и сл. ) и да се одгледуваат на стрмни терени.



повеќе слики >>

Препарати