Опис: Гниењето на дрвото почнува од средината и се шири кон периферијата во вид на исечоци. Дрвото станува меко како сунѓер, од почетокот бледорозово до кафеаво, прошарано со жолти дамки. На површината на кората од стеблото или дебелите ветки образуваат ситни, кожести, суви плодни тела. Од горната страна овие плодни тела се бледожолти , понекогаш дури сиви, обраснати со ситни влакненца. Од долната страна се наѓа мазен хименијален слој со бледожолта боја. Болеста се развива од доцна есен или пролетните мразеви од плитка потпочвена вода, преку оштетувањата при редовните агротехнички мерки, оштетувања од мраз и сл.
Заштитата започнува при самото кроење да се отстранат чепови, заштита на овошките од измрзнувања, направени рани при кроење да се премачкува со соодветни пасти , отстранување и сплаување на заразените ветки и овошки, уништување на плодните тела .
|