Опис: Главни симптоми се поцрнување и сушење на цветовите, ластарите, листовите па и младите плодови. Кај постарите ветки настанува пукање и изумирањ на кората. Симтомите потсетуваат на бактериска пламеница меѓутоа во овој случај нема појава на капки од бактерискиот ексудат . Бактериската зараза започнува во есента и во текоот на зимата , преку различни оштетувања на ветките и на стеблото, преку рани од кроење . На местото на инфекцијата се формираат типични рак - рани со смолотечење, појава како гумозен рак. Ниските температури ја зголемуваат предиспозицијата на овошките кон инфекциите од оваа бактерија. Бактерија се развива од дождовните капки , ветерот и од инсектите. Врнежливото време , високата влажност и ниските температури ја зголемуваат опасноста од оваа бактерија.
Заштитата започнува со режење и палење на заразените ветки , па дури и на цели овошки , при тоа режењето да се изврши на 10 см под болното ткиво. Вообичаено кроењето кај кајсијата да се извршува во текот на вегетацијата , по бербата, при што настанатите рани зсараснуваат преку лето. Избор на подлога која почнува со подоцна вегетација. Високо калемењ е на кајсијата над 80 - 100см. Употреба на бактериски фунгициди непосредни по опаѓањето на листовите.
|