Опис: Класични симптоми се среќаваат кај овошките од сите старости. Тие се карактеризираат со појава на рак - рани на местата каде што во предходната година е извршено кроењето. Инфекцијата настанува токму овде и доаѓа до менување на бојата на дрвенестото ткиво, кое станува светлокафеано до темнокафеаво. Од раковината истечува смола . Листоите на ветките , над местото на заразата , ненадајно венат и ветките се сушат. Сушењето најчесто се случува во лето, во случај кога овошките ќе преродат. Патогенот од раните на ветките се штир кон подевелите ветки на стеблото, поради што тие подоцна се сушат и изумираат целите овошки. Болеста се развива споро и симтомите се забележуваат по две вегетации. Се препорачува да се избегнува зимско кроење , а тоа да се замени со летно кроење по беарбата , кога релативната влажност на воздухот е ниска , нема услови за инфекција и раните од кроењето зараснуваат брзо. Или превентивно третирање на пресеците односно премачкување или со посебни пневматски ножици . |