Опис: Напаѓа овошки кои се физолошки заслабнати . Паразитот навлегува преку различни рани, а се населува во флоемот , камбиумот и ксилемот, што доведува до изумирање на ветките , рак - рани и венење. Кората кај болните ветки добива црвенкава боја, а потоа станува кафеава. Таа е мека , влажна, со појава на смолоточење и со карактериситчен киселкаст вкус. Габата презимува во умртвената кора во вид на пикниди, мицелија и перитеци. Се разнесуваат со капките од дожд, инсекти и сл. и преки различни рани ги остваруваат инфекциите . Патогенот се пренесува и со приборот за кроење . Заштитата се базира на употреба и избор на соодветна локација, добра подготовка на почвата , високо калемење, употреба на здрав посадочен материјал, избегнување на големи рани при кроењето, летно кроење , , режење и спалување на заразените ветки, есенско прскање и друго. |