Име на болест: Гномонија кај кајсијата - Gnomonia erythroseptica (pers. Et Fr Auersw.)
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Симтомите на оваа болест најпрво се заблежуваат на постарите листови најпрво бледо зелени до хлорозни разлинени дамки. Подоцна средишниот дел од дамките некротира. При влажно време, околу некрозираните дамки е присутен хлорозен ореол, а при суво и топло време околу некрозираниот дел се забележува тесен жолтозелен ореол. Тие честопати ги зафаќаат рабовите од лиските. Од лицето на листовите, дамките се светокафеави или сиви, со малку потемни рабови. Во август , а најмногу во септември и октомври од опачината на листовите се појавуваат пикнидите од габите. На тој начин дамките стануваат рапави. При силен напад може да дојде и до опаѓање на листовите. Основен услов за масовна зараза е продолженото врнежливо време преку пролетта и летото . Инфективниот потенцијал на габата може да се намали со прскање на лисјатредно пред опаѓањето . Длабоко заорување на лисјата по нивното опаѓање . Кајсијата треба хемиски да се третира по цветањето, кога лисјата се 8 - 9 дена и коа се очекува врнежи со релативна влажност на воздухот 85% во текот на 15 часа, а потоа уште две прскања со некој од препаратите врз основа на беномил, битертанол, доцин и други .



повеќе слики >>

Препарати