Опис: Своите легла ги прави во глинести почви. Секоја индивидуа прави свое гнездо. Леглото е изградено од повеќе шуплини. Во есен се вовлекуваат во леглата се затвараат и ретко излегуваат. Во почетокот на април мажјакот излегува и оди во леглото на женката каде што остануваат до парење а потоа женките ги бркаат. За 1 месец женките раѓаат до 15 млади. Хрчакот има мешан режим на исхрана. Најмногу напаѓа на полегнатите стебла но добро се качува и по стебло. И покрај штетите користа од хрчакот е неговото крзно. Неговото месо е добро и може да се јаде. Има повеќе предатори (грабливи птици, твор, лисица). Влажна магловита и долга зима е негов најголем непријател.
Мерки за контрола: агротехнички, механички (излевање на вода во неговите легла) и хемиски мерки.
|