Име на болест: Шведска мува - Оscinella frit L.
Култура: ЈАЧМЕН
Опис: Има 3 генерации годишно. Презимува возрасна ларва во стебленцето на зимските жита. Се кукли во пролет. Летот на имагата од првата генерација е во април. Имагата се хранат со полен. Јајцата ги полагаат на млади растенија со 2 - 3 листа при што го одбираат централниот лист. Централниот лист се суши , увртува , лесно се вади и растенијата целосно пропаѓаат. За следење на бројноста се користи методот на кечер, жолти водени садови или визуелен преглед. Екомонски праг е 20 имага/100 удари со кечер. Мерки за контрола се агротехнички и хемиски мерки.



повеќе слики >>

Препарати