Име на болест: Слепо куче - Spalax monticola
Култура: ЛУК
Опис: Слепото куче се пари еднаш годишно, женката коти 2 - 4 млади. Младите се наоѓаат на длабочина од 8 до 12 cm каде што мајката ги чува до почетокот на мај. Слепото куче се јавува повремено, но и само 1 може да направи економски штети, а ако се јават повеќе компромитираат посеви. Се храни исклучиво со растителна храна. Ходниците ги копа рано наутро или навечер. Се храни со корен од сите видови, особено од садници даб, јавор, луцерка, треви, репа, морков, целер, магданос, компир. Во своите ходници ги вовлекува целите растенија. Најмногу страда компирот , градинарските култури, лукот, расадниците на овошни и пумски видови, ореви и др. Во зима е акотивно, собира зимница, во коморите за храна има гоолемо количество резерви. Мерки за контрола; Механички мерки (исфрлање на почва, откопување, на отворено е безпомошно, бавно. Се откопуваат неговите површински ходници наутро и навечер, а потоа се чека да дојде да ги затвори кога со лопата или мотика се исфрла надвор. ) Хемиски мерки: отровни мамки со компир, тенки корења од морков, магдонос, Мамките се сечат, се вдлабнува средината, а потоа се полни со родентицид.



повеќе слики >>

Препарати