Опис: Полифаген вид, кај нас штетник на салатата, а може да се храни со лук, кромид, морков и др. Има 2 - 3 генерации годишно. Презимува во стадиум кукла во почвата. Имагото еклодира на пролет март - април. Женката полага јајца под епидермисот на листот. Ембрионалниот развој трае 7 - 10 дена, испилената ларва започнува да се храни и целиот живот го поминувва во листот. Прави мини со неправилна форма, по должина на целиот лист. При силен напад мините се спојуваат, вкрстосуваат и доведуваат до сушење на листот. Ако се јави со силен интензитет најзначајна улога против минерот имаат агротехничките мерки, бидејќи културите што ги напаѓа, особено салатите, не смее да се третираат со инсектициди. |