Име на болест: Кромидова мува - Hylemia antique
Култура: КРОМИД
Опис:Ги напаѓа сите видови од родот Allium, а особено кромидот и лукот. Има 2 - 3 генерации годишно, презимува во стадиум кукла во почвата на длабочина до 20cm. Имагото лета на крај од април до средината на мај и се храни со нектар од цветовите. Женката полага јајца во групи на листот од кромид или на почвата. Фекундитетот на 1 женка е 50 - 100 јајца. Испилените ларви се вбушуваат во листот, а потоа одат кон луковицата. Нападнатите листови пожолтуваат и венат. Посебно страдаат младите растенија, штетите од кромидова мува се посебно изразена кај нас во влажни години. Нападнатиот и оштетен кромид тешко се чува. Мерки за контрола: агротехнички, механички, хемиски мерки. За хемиско третирање се препорачува третирање на почвата со земјишни инсектициди на база на: пиретроиди, органофосфорни инсектициди, а во вегетација со препарати на база на; спиносад, оксадиазини, пиретроиди, органофосфорни инсектициди (диметоати)



Препарати