Опис: Штетник на лукот и кромидот, особено на кромид сеен од арпаџик.
Има една генерација годишно. Презимува во стадиум имаго под растително остатоци во почвата. Се активира многу рано, на крај од зимата и во пролет. Мувите се активни на температура над 0°C, дури и кога сеуште има снег. Женката полага јајца на лукот или околу него. Како резултат на нејзината исхрана растението омекнува, централниот лист вене и се свиткува. Во почетокот ларвата ја оштетува основата на листот, а подоцна се зарива во луковицата. Нападнатите растенија заостануваат во пораст, пожолтуваат, се сушат, луковиците омекнуваат и растенијата угинуваат. Луковиците веднаш гнијат. Обично во една луковица има по 1 ларва, ретко повеќе. При силен напад од мувата се чувствува мирис на лук на производните површини.
За заштита на лукот од луковата мува се препорачуваат, пред се, добри агротехнички мерки. Плодоред, обработка на почвата, отстраунвање на растителни остатоци, рана сеидба на есен
И добри механички мерки, масовно ловење со поставување голем број на жолти лепливи плочи во насадите, рано напролет т. е. во зима, кога лета имагото.
Хемиски мерки
Ако производството е за луковици, тогаш се врши третирање на почвата пред сеидбата со препарати на база на пиретроиди и органофосфорни инсектициди. Каренцата за луковите култури е 63 дена. Во вегетацијата при четање на мувите се препорачува третирање со препарати на база на спинозини, пиретроиди и органофосфорни инсектициди (диметоати).
|