Опис: Миграторен вид, штетник на: домат, пипер, тутун, памук, лук, кромид, зелка, соја, боранија и др. Има 2 - 3 генерации, презимуваат во кукла во почвата. Гасениците се хранат со долните листови на растенијата или во површинскиот почвен слој со кореновиот врат. Гасениците од втората генерација најчесто ги напаѓаат плодовите и се вбушуваат во нив. Се хранат со семето и предизвикуваат бро пропаѓање на плодовите. Штетите од оваа совица имаат еконоско значење, особено кога видот е во проградација. Најштетна совица и еден од позначајните штетници воопшто. Мерките за контрола на совицата се применуваат по надминување на економските прагови. Економски праг: 1 ларва/ шест растенија – да се третира пред цутење, 1 јајце или ларва/нива – по цутење. Мерки за контрола: агротехнички, хемиски мерки. Ако економскиот праг е надминат пред сеидбата на културата, почвата се третира превентивно и се перпорачуваат гранулирани формулации. Ако е надминат економскиот праг во текот на вегетацијата се користат течни формулации. |