Име на болест: Мува минер на празот - Napomyza gymnostoma
Култура: ПРАЗ
Опис: Штетник на празот, кромидот и лукот, има 2 генерации годишно, презимува кукла во нападнати растенија или во почвата. Летот на првата генерација е крај на март до крај на април. Женката има потреба од дополнителна исхрана и прави голем број убоди со легалката по рабовите на листот. Јајцата се положени на листовите, под епидермисот. Ларвата по пилење ја започнува исхраната во листот и прави линиеста мина со неправилна форма. Ларвите се задржуваат на краните листови. Летот на втората генерација е крај на септември и во текот на октомври. Како резултат на исхраната на ларвата листовите се деформираат и се сушат, а празот тешко се чува, односно доаѓа до брзо гниење на растенијата во траповите, Мерки за контрола: агротехнички мерки, механички мерки, биолошки мерки, хемиски мерки. Хемиско тренирање во време на летање на мувата се врши со препарати на база на: спинозини, IGR препарати, оксадиазини и пиретроиди.



повеќе слики >>

Препарати