Име на болест: Мувлосување на листовите кај празот - Mycovelosiella fulva
Култура: ПРАЗ
Опис: Болеста се развива при влажни и топли услови во слабо проветрени средини, како што се пластениците и оранжериите. Болеста е присутна и кај нас и во одделни случаи причинува значителни штети, бидејќи растенијата остануваат пред време без лисна маса. Освен доматот, патогенот го напаѓа и празот. Габа се развива само по листовите, кај кои прво од лицето се развиваат светлозелени до желтеникави, дамки, со неправилен облик, најчесто ѕвездести. Потоа на опачината од листовите се развиваат многубројни конидиофори со конидии, па листовите изгледаат како да се мувлосани. Заразените делови добиваат кожестокафеава боја, листовите се сушат и предвреме опаѓаат.
Нападнатите цветови не даваат плодови, а заметнаите плодови остануваат ситни, недозреваат, а доколку созреат – тие се невкусни.
За спречување се препорачува уништување на растителните остатоци, релативна влажност на воздухот во оранжериите да не биде над 85%, поретко садење, проветрување на пластниците и оранжериите. Хемиската заштита во случај на опасност се изведува на секои 7 дена, со некој од фунгицидите: беномил, манеб, манкозеб, толилфлуанид, тебуконазол, дифенконазол и други.



повеќе слики >>

Препарати