Име на болест: Фузариозно гниење на кромидот - Fusarium oxysporum f.sp. cepae
Култура: КРОМИД
Опис: Првите симптоми се жолтило при основата на стеблото. Коренот кај болните растенија е обоен со црвеникава боја. Се забележува гниење на долниот дел од луковицата, што се шири нагоре. Инфекциите настануваат преку рани или директно преку оштетеното ткиво. Болеста се развива при високи температури (25 - 35°C) и умерена влажност на почвата. За спречување се препорачува плодоред. Дезинфекцијата на семето и арпаџикот пред садењето се врши со потопување во суспензија од пропамокарб (Previcur 607 SL) + тиофанат - метил (Еновит) или беномил.



повеќе слики >>

Препарати