Опис: Може да се рече дека оваа болест е присутна секаде каде што се одгледува кромид, па и во Македонија.
Првите симптоми се забележуваат кај растенијата никнати од заразени луковици. На лисјата се забележува жолтеникав пругаст мозаик. Подоцна лисјата стануваат наполно хлорозни, деформирани, сплеснати и накадравени. На цветното стебло исто така се јавуаат жолтеникави пруги, тоа се деформира, искривува, а на него се формираат деформирани и стерилни цветови.
Заштита. Употреба на здрав арпаџик. Спречувањето на лисните вошки со соодветни инсектициди.
|