Опис: Болеста е посебно опасна за производство на арпаџикот. Во Македонија е присутна во Скопско и Кумановско и претставува проблем при производство на арпаџик и семе од кромид и праз. Освен кромидот, го напаѓа и празот. На листовите и лисните ракавци од болнит ерастенија се забележуваат пликови, а листовите се свикуваат и деформираат. Болните растенија, заразени непосредно по никнењето, брзо изумираат. Подоцна инфицираните растенија заостануваат во порастот. Нападнатите главици од арпаџикот, под дејство на другите сапрофитни микроорганизми, во текот на чувањето гнијат и изумираат. Кромидот, односно арпаџикот, е осетлив кратко време по никнењето, како и кај пченицата, до појава на првиот постојан лист. Најсилни зарази на листовите се остваруваат при 13 - 22°C а заразите престануваат на 29°C. Оттука, гламницата на арпаџикот се развива во локалитети со пониска температура при никнењето на кромидот. Заштита. Производство на арпаџик на здрави и незаразени почви. Заразените површини не можат да се користат за производство на арпаџик 10 - 15 години. Дезинфекцијата на почвата за производство на арпаџик, непосредно пред сеидба. За дезинфекција се користат манкозеб и формалин, како 2% раствор за залевање на браздиците. За дезинфекција на семето може да се употреби тирам.
|