Име на болест: Овошна мува - Ceratitis capitata
Култура: ДОМАТИ
Опис: Овој вид е полифаг. Се храни со праска, кајсија, портокал, лимон, јаболка, цреша. Има 5 - 6 генерации годишно. Презимува во стадиум на кукла во почвата, но во топлите реони не презимува, туку континуирано се развива. Во пролет женката полага јајце најчесто во оштетените плодови. Во еден плод има повеќе јајца. Испилените ларви се хранат во плодовите. Штетите се секогаш големи. Оштетениот мезокарп омекнува и бргу пропаѓа. Плодовите не се чуваат, скапуваат и опаѓаат. За контрола најчесто се применуваат хемиски мерки, но се употребуваат и физички мерки како што се стерилизација на машки единки. За хемиско третирање се препорачуваат препарати на база на спинозини, фенилпиразоли, пиретроиди и карбамати.



повеќе слики >>

Препарати