Опис: Штетник на доматот одгледуван на отворено или во заштитените простори. Се појавува кај компир, модар патлиџан, тиквичка. Има 10 - 12 генерации годишно. Презимуваат сите развојни стадиуми: јајце, ларва, кукла или имаго. Имагата се активни ноќе, а дење се кријат меѓу листовите на доматот. Испилената ларва се вбушува во листот, стеблото или плодот на доматот, особено во зелените плодови. На листот прави мини, кои се спојуваат и прават пошироки мини - галерии. Во мините се гледа црна испрекината линија од измет на ларва. Во стеблото или во плодовите ларвите прават ходници, ги загадуваат со измет и ги напуштаат, но заради штетите доаѓа до брзо пропаѓање на истите. Најефикасен метод за следење на овој вид се феромонските мамки подготвени со водени садови и сина светлина. Од мерки за контрола, агротехнички мерки се плодоред, обработка на почвата, мулчирање на почвата со фолија. Механички мерки се мрежи на сите отвори во заштитените простори, масовно ловење со феромонски мамки, жолти лепливи ленти во насадите, лепливи ленти на површинскиот почвен слој. Биолошки мерки се: предаторски стеници (Nesidiocoris tenuis Reuter, Macrolophus pygmaeus), паразит (Bracon nigricans). Од хемиски мерки се препорачува третирања во текот на вегетацијата со честа промена на инсектицидите со различен механизам на дејство. |