Име на болест: Пескар, пешчар - Opatrum sabulosum L.
Култура: ДОМАТИ
Опис: Штетник е на сончоглед, пченка, шеќерна репка, домат, луцерка. Има една генерација годишно. Штетите ги причинуваат и ларвата и имагата. Презимува како имаго во почвата. Имагото се активира напролет и ги гризе младите листови од растенијата домаќини но и ги прегризува младите изникнати стебленца. Тоа се најголемите штети од пескарот. Со прегризување на тукушто никнатите растенија штетите можат да бидат и до 100% и потоа се јавува потреба од пресејување на посевите. Ларвите се вбушуваат во кореновиот систем каде што се хранат, а исто така и со подземното стебло. Пескарот може успешно да се контролира со агротехничката мерка плодоред. Ако е масовна појава на пескарот, се препорачува третирање на почвата пред сеидба на културата или по никнење со препарати на база на пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати