Име на болест: Тутунова лисна болва - Epitrix hirtipennis (Malsheimer)
Култура: ТУТУН
Опис: Има 3 - 4 генерации годишно. Презимува имаго под растителни остатоци. Се активираат напролет и го напаѓаат тутунот во леите или тукушто - расадените растенија. Штетите ги прават и ларвите и имагата. Прават мали дупчиња, заради што листовите добиваат сребрен сјај и се загадени со екскременти од штетникот. Ларвите се хранат на подземните делови од растението, при што прават ходници низ коренот и стеблото. Поголеми штети причинуваат на помладите растенија. За следење на штетникот во текот на вегетацијата на тутунот се препорачуваат методите: визуелен преглед, жолти водени садови и жолти лепливи плочи во расадот. Економски праг: 8 имага /растение во фаза на расадување, 62 имага / пастение во вегетација. Мерки за контрола се: Агротехнични: уништување на растителните остатоци околу леите за производство на расад и остатоците од страковите на нива, покривање на тутуновите леи и плодоред; Хемиски: апликација на инсектициди кога ќе се утврди присуство на штетникот со некој од применетите меетоди. Контролата треба да започне кога тутунот е во фаза на расад, бидејќи оттука подоцна се пренесува на нива. За таа цел се препорачуваат препарати на база на: спинозини, инсектициди на база на микроорганизми - антибиотици, неоникотиноиди, фенилпиразоли, пиретроиди карбамати, органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати