Опис: Има една една генерација годишно. Презимува во стадиум на имаго под растителните остатоци по почвата. Имагото се активира напролет, пред цутење на јагодата. Главните штети ги прави ларвата која со својата исхрана целосно го уништува цветот кој се суши. Посебно страдаат раните сорти јагоди. Појавата на штетникот мора да се контролира. Третирањето се врши напролет, веднаш по појавата на имагата. Економскиот праг е 2 - 5% нападнати цветови. Мерки за контрола се: масовно ловење со фермонски мамки и се препорачуваат средства со нок - даун ефект и куса перзистентност како спинозини и пиретроиди. |