Опис: Житните минери се јавуваат со слав интензитет во наши услови. Имаат по 1 генерација годишно. Презимуваат во стадиум на кукла во почвата. Летот на имагата е во март и април. Имаат потреба од дополнителна исхрана. Женките со абдоменот го дупчат листот по рабовите и со истечениот сок се хранат двата пола.
Штетите од житните минери се толкуваат во намалување на асимилационата површина на листот, особено ако се на последниот лист, кој има најголема улога во полнење на класот.
|