Опис: Шумскиот скакулец има една генерација годишно. Презимува во стадиум на јајце. Ларвите во почетокот се хранат со лисјата од грмушкестите растенија, а потоа преминуваат на земјоделските култури, во подножјето на ридовите. Шумскиот скакулец најчесто нема економско значење и посебни мерки за контрола се преземаат само по потреба, односно при масовна појава на видот. |