Име на болест: Јагодин цутојад - Anthonomus rubi Hrbst
Култура: КАПИНА
Опис: Има една една генерација годишно. Презимува во стадиум на имаго под растителните остатоци по почвата. Имагото се активира напроле, пред цутење на јагодата. Главните штети ги прави ларвата која со својата исхрана целосно го уништува цветот кој се суши. Посебно страдаат раните сорти јагоди. Појавата на штетникот мора да се контролира. Третирањето се врши напролет, веднаш по појавата на имагата. Економскиот праг е 2 - 5% нападнати цветови. Мерки за контрола се: масовно ловење со фермонски мамки и се препорачуваат средства со нокдаун ефект и куса перзистентност како спинозини и пиретроиди.



повеќе слики >>

Препарати