Име на болест: Црвен овошен пајак - Panonychus ulmi Koch
Култура: СЛИВА
Опис: Црвениот овошен пајак има 6 - 7 генерации годишно. Презимува во стадиум на зимско јајце. Сите развојни облици се наоѓаат на листовите и се хранат од нивната опачина. Штетите се манифестираат во вид на бледи дамки на листот, кои добиваат црвеникава нијанса или бакарен сјај, листот ја губи функцијата на фотосинтеза и се суши. Нападот од пајакот се одразува директно на приносот, кој се намалува, а плодовите имаат послаб квалитет. Економскиот праг е: 500 - 100 јајца на должински метар, пред почетокот на вегетацијата, по цутењето на овошките економскиот праг е 2 - 5 подвижни форми по лист. Мерки за контрола се: правилно ѓубрење на насадите, интродуција на предаторски стеници, и за хемиското уништување се прпорачуваат акарициди на база на абамектин, квиназолини и пропаргит.



повеќе слики >>

Препарати

OHIDAN C-50

OHIDAN P-5

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN