Опис: Има 5 - 6 генерации годишно. Презимува во стадиум на кукла во почвата, но во топлите реони не презимува, туку континуирано се развива. Штетите се секогаш големи. Оштетениот мезокарп омекнува и бргу пропаѓа. Плодовите не се чуваат, скапуваат и опаѓаат. За контрола најчесто се применуваат хемиски мерки, но се употребуваат и физички мерки. За хемиско третирање се препорачуваат препарати на база на спинозини, фенилпиразоли, пиретроиди и карбамати |