Опис: На предната страна на растенијата се забележуваат светлозелени до жолтеникави дамки, а од опачината пепелкава боја. Кај осетливите сорти во услови поволни за развој на овој паразит може да биде покриен целиот лист со брашнаста покривка. Дамките прегоруваат, листовите остануваат суви, пергаметни и опаѓаат. Поради многубројни зарази настанува дефолијација кај растенијата. Плодовите заостануваат во развојот и недозреваат. Патогенот ги покрива целите растенија со бела до светлосива мицелија. Паразитот презимува во оранжериите, од каде се разнесува во полски услови. Најинтензивно се развива при температура од 200C и при ниска релативна влажност причинува прегорување и опаѓање на листовите. Полифаген паразит кој ја прави инфекцијата по пат на воздушни струења. Спречувањето е тешко, се употребуваат хемиски средства. |