Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува млада, штотуку испилена ларва во пупките од сливата. Нападнатите пупки започнуваат да се задебелуваат, не цутат и не разлистуваат. Внатрешноста на пупките е исполнета со бел мицелиум од габа, што подоцна во галата станува седефасто бела. Штетите се однесуваат на губење на лисната маса и делумно намалување на родноста. Третирањето се врши во време на летот на имагата во јули и август со препарати на база на пиретроиди. |