Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува како ларва од втор или трет степен. Ларвите живеат во почвата и се хранат со гнили лисја од овошките или друга органска материја во распаѓање. Имагата се хранат со лисјата, правејки полукружни отовори по рабовите на лисјтот. Масовна појава се случува при влажна и студена пролет. Кафените листојади се уништуваат во фаза на „глувчји ушки“ на овошките, само при влажна и студена пролет. Прагот на уништување е висок и изнесува 1 адулт по лист. Во случај на потреба успешно се уништуваат со пиретроиди, карбамати и органофосфорни инсектициди. |