Опис: Распространет во Европа. Ја напаѓа виновата лоза, но и јаболкото, сливата, црешата, бадемот, леската. Има 1 генерација за 1 - 2 години. Презимува како ларва или имаго. Во одделни делови, имагото оштетува значаен дел од лисната маса на периферните стебла на насадите од виновата лоза. Посебни мерки за контрола на видот не се преземаат. |