Име на болест: Компиров молец - Phthorimea operculella Zell.
Култура: КОМПИР
Опис: Штетник е на компирот на отворено и во складиштата. Го напаѓа и тутунот, доматот и модриот патлиџан. Има повеќе генерации годишно и презимува во стадиум на возрасна гасеница или кукла. Женката полага јајца на лист од компир или откриени кртоли. Гасениците ги минираат листовите, лисните дршки и продираат во стеблото. Се хранат и со кртоли. Позначајни штети причинуваат на компирот во складиштата. Кај нас ретко има потреба од негова контрола. Кртолите за исхрана не се третираат.



повеќе слики >>

Препарати