Име на болест: Тутунов пламенец - Ephestia elutella Hb.
Култура: ТУТУН
Опис: Складишен штетник на тутунот. Го напаѓа неферментираниот тутун. Може да се храни и со семе од други растенија, брашно и тестенини. Има 2 - 3 генерации годишно. Зимата ја поминува во сите развојни стадиуми во складиштата. Испилените ларви се хранат со листот во површинскиот слој на балите, без да се вовлекуваат подлабоко. Ларвите го скелетираат листот, оставајќи ги поголемите нерви. Нападнатите листови ги завиткува со свиленкави конци, а во внатрешноста се наоѓа измет и егзувии. Оштетените листови при повисока влага во складиштата веднаш мувлосуваат. Развојот на ларвите трае 60 до 240 дена, зависно од температурата. За контрола на штетникот во складиштата, покрај висока хигиена се препорачува Фумигација.



повеќе слики >>

Препарати