Име на болест: Обичен гроздов молец - Sparganothis pilleriana Schiff.
Култура: МАЛИНА
Опис: Штетник на винова лоза, но и на малина, капина, слива, брест, јасен и др. Има 1 генерација годишно. Прзимува во стадиум на млада гасеница во свиленкава кокона, во пукнатините или под кората од чокотот. Мерките за контрола можат да бидат: механички - собирање на листовите со јајцеви легла и нивно спалување; хемиски: зимска заштита со минерални масла и органофосфорни инсектициди. Во вегетацијата се користат препарати како за сивиот и жолтиот гроздов молец. Посебна заштита не се организира, таа е во склоп на заштита од другите гроздови молци.



повеќе слики >>

Препарати