Име на болест: Слепо куче - Splax monticola
Култура: ОРЕВ
Опис: Слепото куче е посебен вид глодач. Се храни исклучиво со растителна храна. Ходниците ги копа рано наутро или навечер. Се храни со корен од сите видови особено од садници даб, јавор, луцерка, треви , репка , морков, целер магнанос и компир. Во своите ходници ги вовлекува целите растенија за да може да ги изеде без вознемирување. Мерките за контрола на слепото куче се механички и хемиски. Од механичките мерки за контрола се препорачува исфрлање од почвата, откопување на неговите ходници, се вкопуваат празни шишиња и др. Од хемиските мерки се преферира п поставување на отровни мамки со компир, тенки корења од морков, магдонос. Мамките се сечат и се полнат со родентицид и се поставуваат во ходниците. Се применуваат и гасни отрови како сулфур - јаглерод а се палат и патрони.




повеќе слики >>

Препарати