Опис: Има 3 генерации годишно. Презимува како оплодена женка. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана, што доведува до сушење на нападнатите делови. Појавата и популацијата на црничковата штитеста вошка мора континуирано да се следи. За таа цел се применува визуелен преглед на вегетативните органи од растенијата. Има три вида на мерки за контрола. Механички мерки: резидба на нападнатите вегетациони деови во вгетација или при кроење и нивно спалување; Биолошки мерки: стеници, златооки, бубамаари; Хемиски мерки: Зимска заштита со минерални масла или минерални масла, органофосфорни инсектициди, во текот на март и април се препорачуваат системиични инсектициди во комбинација со минерални масла: спинозини, пиметрозини, регулатори на пораст - IGR, неоникотиноиди, фенилпиразон, пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди. |