Име на болест: Сливова штитеста вошка - Parthenolecanium (Lacanium) corni Bouche
Култура: ОРЕВ
Опис: Сливовата штитеста вошка има 1 генерација годишно. Презимува како ларва од втор ларвен степен, во пукнатините од кората на стеблото. Штетите ги причинуваат ларвите и имагата со својата исхрана. Лачат и големо количество , , медна роса" . Како резултат на нивната исхрана доаѓа до сушење на нападнатите гранчиња или цели растенија за неколку години. За следење на ларвите на стеблата се поставуваат лепливи ленти околу стеблото или младите гранчиња. Има три вида на мерки за контрола. Механички мерки: резидба на нападнатите вегетациони деови во вгетација или при кроење и нивно спалување; Биолошки мерки: стеници, златооки, бубамаари; Хемиски мерки: Зимска заштита со минерални масла или минерални масла, органофосфорни инсектициди, во текот на март и април се препорачуваат системиични инсектициди во комбинација со минерални масла: спинозини, пиметрозини, регулатори на пораст - IGR, неоникотиноиди, фенилпиразон, пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати