Опис: Бактеријата се развива на сите зелени делови од оревот. По листовите може да се појави во две форми: во вид на системична или дифузна некроза во вид на локално дамкосување. Дифузната некроза се појавува кај младите листови што се во пораст, во вид на поцрнување на нерватурата. Преку спроводните садови од нерватурата бактеријата навлегува во паренхимските клетки од ткивото помеѓу нерватурата и тука причинува крупни, кафеави, некротични дамки. Избор и одгледување на послабо осетливи сорти. Производство на здрав саден материјал. Режење и палење на заразените ластари. Прскање на овошките каде е тоа изводливо со бакарни фунгициди, бакареноксихлорид и бакарен хидроксид; двапати пред цветање и 1 - 2 пати по цветањето. |