Име на болест: Бактериски тумор или рак на коренот и кореновиот врат кај овошните видови - Rhizobium radiobacter
Култура: ОРЕВ
Опис: Бактерискиот рак се јавува во вид на тумор на коренот и при основата на стеблото во висина на нивото на почвата. Бидејќи туморите се формираат најчесто на преминот од коренот кон стеблото, болеста е наречена и рак на кореновиот врат. Многу ретко туморите се појауваат настеблото и на ветките ( главно при вештачки зарази). R. radiobacter спаѓа во фамилијата Rhizobiaceae, во која спаѓаат и симбиотските азотофиксатори кај легуминозите. Спротивно на кориснит азотофиксатори причинители на туморите од родот Rhizobium се паразити и се штетни за растенијата. Со оглед на тоа дека напаѓа голем број раститеелни видови R. radiobacter е многу штетен за земјоделското производство. Основна меерка е производство на здрав саден материјал. Производството на саден материјал да се организира на здрави незаразени почви. На заразените површини да не се произведува саден материјал ниту да се подигаат овошни насади најмалку три години, а како предкултури добри се граминеите и лупината.



повеќе слики >>

Препарати