Опис: Симптомите кај тутунот многу варираат во зависност од осетливоста на сортата. Кај лисјата се појавуваат концентрични кафени прстени, а околу нив концентрирачки или линиски некрозни структури со боја на бронза. Кога тие ке се доближат до главниот нерв, тој престанувва да се развива и лиските се свиткуваат со рабовите кон опачината. Ткивото помеѓу некрозираните прстени и линии пожолтува и се суши. Основна мерка за заштита е да се спречат инфекциите. Тоа значи дека треба да се превземат комплексни мрки како: уништување на изворот на инфекција (плевелните растенија по меѓите во кој тој презимува); пкевеите во оранжериите и ластениците; производство на здрав расад.
|