Опис: Се карактизира со појава на прстенести, честопати, концентричнии, хлорозни до некрознии дамки, обично околу главниот нерв, а подоцна и по ткивото помеѓу нерватурата. Честопати овие промени личат на лист од даб. Карактеристично е што симптомите се појавуваат кај долните листови. Симптомите на врвните листови можат да изостанат или тие тешко се забележуваат. Спречувањето е тешко, бидејќи вирусот има голем број домаќини. Корисно е да се уништат аерогените вектори на вирусот со соодветни инсектициди. Отстранување на повеќегодишните растенија - домаќин. Да се користи здраво семе од тутун и сл.
|