Опис: Пајакот развива до 7 генерации годишно. Презимува имаго, грегарно во лушпите од пупките. Овој вид предизвикува многубројни набабрувања од горната страна на листот, проследени со бела, волнеста навлака од опачината(erion - волна). Набабрувањата на листот во почетокот се виолетови, а подоцна се зелени или жолто - зелени. Еринозниот пајак може да предизвика оштетувања и на пупките и се развиваат вештичини метли. Може да се користат биолошки мерки и хемиски мерка за заштита.
|